СО СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ОДБЕЛЕЖАН 8 ДЕКЕМВРИ, ПРАЗНИКОТ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ –ПАТРОН НА ГРАДОТ

лгогодишен научник и истражувач на историското минато на Охрид и Македонија. Искрено заблагодарувајќи се за високото признание,во своето обраќање професорот Митрески се осврна на својот научен опус, споменувајќи ги своите научни истражувања за Христо Узунов и Михајло Пупин, а како посебен момент го истакна:

Svecana_Akademija_20241208072

 Во мојата работа покрај другото имам и податок, многу вреден за мене, кој се однесува на Спаса Вишенска, монахиња и нејзиниот брат Спасе од Вишни да ги прогласиме за светци. Благодарение на охридското и македонското свештенство успеавме годинава да бидат прогласени. Тоа е голема работа не само за овој крај, туку и за цела Македонија.

Добитници на повелбата „Патрон на градот – Свети Климент Охридски“ се клубот за подводни дејности „Охрид“ и здружението на граѓани „Независна аматерска театарска група Аматер, односно Културолошка иницијатива 5 до 12“

Во името на Општинското средно училиште што го носи името на светецот, кратко обраќање имаше директорката Светлана Велкоска. Чествувањето продолжи со прекрасен музичко сценски перфоманс на децата од училиштето, рецитал на бардот на македонското глумиште Петре Темелкоски и настап на поп ѕвездата Влатко Лозаноски.