Вчера-вечер со почеток во 17 часот, се одржа културно-фолклорната манифестација на египќаните, која во големата сала на домот за култура “Григор Прличев” се одржува веќе по шести пат. И оваа година како и во претходните, на репертоар беа стари, но и нови изведувачи кои традиционално своите точки ги изведуваа пред големата публика промовирајќи нови музички изведби но и препевајќи стари народни песни во придружба со автентична инструментална музика. Претседателот на здружението на египќаните “Пирамида-ЗЕМ” Охрид, и организаторот на оваа манифестација се обрати на над илјадната публика и претставниците на невладините организации од Македонија и странство заблагодарувајќи се на присуството и нивната поддршка за културна промоција на египќаните како суштинска нишка на напорите за развој на мултикултура и мултиетничко општество.