ОХРИД, СТРУГА И ПОГРАДЕЦ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ ВО ВИЗМАР- ГЕРМАНИЈА

Туристичките потенцили на крајезерските градови Охрид, Струга и Поградец ,  во месец февруари идната година, ќе бидат презентирани во Визмар во Германија. Ова беше најавено на денешната средба на заменик градоначалникот   Ангел Јанев и претставникот на Секторот за туризам и локален економски развој  Горан Мицкоски со Фридер Вајнхолд, претседател на Христијанската хуманитарна организација од Визмар во Германија.

Во рамките на промоцијата, како што беше речено на средбата, би се одржале средби со раководството на Визмар, град кој исто како и Охрид е под заштита на УНЕСКО, а се планира и потпишување на протокол за соработка меѓу градовите на Охридското Езеро и регионот на Визмар, кој се наоѓа во близината на Хамбург.