Од утринските часови се мобилизирани дежурните екипи од сите оперативни работни единици и веднаш се излезе на терен. Се интервенира според ,,Програмата за зимско одржување на територија на општина Охрид”, по претходно дефинирана динамика, приоритет и ситуацијата на терен
Со целокупната расположива механизација се расчистува снежната покривка од коловозите до населените места кои се наоѓаат на повисоките места ( с. Велестово, нас. Исток, с. Елшани, населба ,,Гоце Делчев” (Бараки), У.З.,,Стар Град”), главните прометни сообраќајници и улиците во централното подрачје
Во расчистувањето со сопствена механизација и работници се вклучени и екипи на Ј.П.,,Нискоградба”
Веднаш се интервенира и по пешачките
зони, тротоари и пристапни патеки од висок приоритет
Снегот се отстранува машински, а во исто време се интервенира со абрзивни средства
За да се обезбедат неопходните услови за безбедно движење на возила и пешаци, екипите остануваат во мобилна состојба во текот на целиот ден со цел да се опфати и поширокото градско подрачје и населени места.