Акција кабаст и зелен отпад опфат Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Македонија и Охридати 09.05.2025 год

Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 09.05.2025 год. (петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) и зелен отпад (зелен отпад од уредување на дворни површини и градини) од реонот опфатен со границите на улиците Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Македонија и населба Охридати

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 09.05.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот

Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад