ФФМ соопшти дека доживотно се исклучени Никола Цветкоски Секретар на ОФС Охрид и Цане Милошески, претседател на ОФС Охрид

ФФМ соопшти дека од фудбалската организација доживотно се исклучени и Цане Милошески, претседател на ОФС Охрид и Никола Цветкоски, секретар на ОФС Охрид.

„Одлуката е донесена по темелна постапка и претходни сознанија од одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластените службени лица од ОФС Охрид. Извршена измама и доведување во заблуда,давање лажни, неточни и непотполни податоци во Комет системот (увидот во Комет системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите), фалсификување записници за натпревари кои не се одиграни, измислена комплетна „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид, односно натпреварување кое не постои“, се вели во соопштението на ФФМ.

Останатите постапки и забрани кои се изречени може да се погледнат ТУКА.