(ФОТО) Заврши уште едно успешно, четврто по ред Талент Шоу со кое ја заокруживме учебната 2024/2025 година

Училишниот двор блесна во сјајот на нашите талентирани ѕвезди, кои нетрпеливо го чекаа и неуморно се подготвуваа за овој настан.

Бројните посетители ги испративме дома со спомени кои ќе останат врежани во меморијата- нашите #климентовци докажаа дека се уникатни и талентирани!

Посебно сме горди на нашата ученичка Елена Павлоска, која пред почетокот на самиот настан се претстави со своја уметничка изложба. 

Во текот на самиот настан гордо ги претставивме полуматурантите #Климентовци кои покажаа континуиран одличен успех во текот на деветгодишното образование, а и ја искористивме приликата свечено да го прогласиме првенецот на генерација – Лана Трпкоска! 

На крајот на самиот настан, иако сите точки беа внимателно подготвени и во сите точки беше вложен неизмерен труд, сепак се избраа трите фаворити.

Климент Ковачески- VI одделение – ,,Ако умрам ил загинам”- Јонче Христоски

Софија, Стефанија и Дариан Ночески- Sarà perché ti amo- Ricchi e Poveri

Група ,,Макарена”- ритмичка точка

Честитки до наградените и до сите останати ученици