Жена на 44 годишна вораст го загуби животот во синоќешната сообраќајна несреќа кај кружниот тек кај Гимназијата.
Имено таа со својот партнер се движеле по тротоарскиот дел од овој дел на Булеварот „Туристика“ каде патничко моторно возило марка “Голф“ од засега непознати причини поминало преку кружниот тек и излетало надвор од коловозот па удрило во приватна ограда на тротоарот.
Мажот кој бил заедно со жената се здобил со тешки телесни повреди
Надлежни екипи работат на расчистување на случајот.





