Охриѓанка која што работела на каса во маркет во Струга во неколку наврати од касата украла околу 300.000 денари, односно 5.000 евра во денарска противвредност
Струшката полиција поднесе кривична пријава против 27-годишна касиерка од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
Охриѓанката Е.В. која што работела на каса во маркет во Струга во неколку наврати од касата украла околу 300.000 денари, односно речиси 5.000 евра. Пријавената, во периодот од 01.07.2015 до 30.10.2015 година-вработена како касиер во маркет во Струга при наплата на артикли не издавала фискални сметки а потоа ги бришела продадените артикли, со што противправно се стекнала со износ од 300.000 денари.-соопшти МВР.
„Дваесет и седумгодишната Е.В. од Охрид од 1 јули до 30 октомври
при наплата на артикли не издавала фискални сметки и ги сторнирала
продадените артикли, а парите потоа ги земала за себе“,
– соопшти полицијата.