ЈП „Охридски Комуналец“ со известување до правните субјекти и граѓаните од У.З.Стар Град

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на У.З.Стар Град, како и правните субјекти кои својата дејност ја обавуваат во овој дел од градот, да го почитуваат комуналниот ред и пропишаната динамика за подигање на комуналниот отпад


-Правните субјекти задолжително имаат обврска отпадот да го депонираат и да го оставаат за подигнување во пластични канти за отпад најкасно до 06:00 часот наутро. Доколку отпадот се остави надвор од пропишаниот термин или несоодветно депониран, согласно законските обврски ќе интервенира и постапи Комуналниот инспекторат при што ќе биде изречена соодветна санкција.


-Граѓаните комуналниот отпад уредно спакуван да го депонираат на определени места за оваа намена или во кантите за отпад во точно определените денови за дадениот реон најкасно до 06:00 часот наутро. Граѓаните кои поседуваат викенд-станови и приватните станоиздавачи да ги информираат своите гости за комуналниот ред.


– Со надеж за взаемна соработка во теков на туристичката сезона, однапред Ви благодариме