Пред и по Илинден оперативните служби со максимален 24 часовен ангажман за одржување на јавната хигиена

Пред и по Илинден оперативните служби со максимален 24 часовен ангажман за одржување на јавната хигиена


-Изминативе денови дежурните служби беа присутни на сите фреквентни места во централното градско подрачје каде во шпицот на туристичката сезона, на разни локации во градот се одржуваа разни музички, културни и други збиднувања
-Нашиот приоритет е чист и уреден град кој со својот туристички идентитет станува препознатлива дестинација ширум светот; Па затоа и динамиката за одржување на јавната чистота беше на максимално ниво, со вонреден ангажман и посветена работа на нашите дежурни служби
-Се работеше 24 часа, а најголем беше ангажманот во раните утрински часови каде од јавните површини се собираа енормни количини на расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна
-Сепак, денот по утрото се познава, кога нашиот балкански бисер облеан од сончевите зраци, зрачи со убавина и оптимизам.