Денеска во Охрид состанок на УНЕСКО за забелешките и препораките на светската организација

Националниот совет за УНЕСКО на Македонија денеска во Охрид ќе одржи состанок на кој ќе се разгледуваат забелешките и препораките на светската организација околу состојбите со охридскиот регион и ќе се одредат потребните активности кои треба да се исполнат за регионот да не влезе на листата на светско културно наследство во опасност.

Во Охрид ќе го одржам следниот состанок на Националниот совет за УНЕСКО, во кој членуваат повеќе од 16-17 институции. Ќе проговориме реално за проблемите и забелешките, односно за препораките од УНЕСКО. Ќе донесеме заклучоци, ќе ја информирам Владата и ќе видиме кои ќе бидат следните чекори. Имаме краток период до февруари наредната година да го поднесеме извештајот за конкретните чекори, што ќе ги преземеме.“ – изјави вчера министерот за култура и туризам Зоран Љутков за ТВ Канал 5.

Состанокот следи откако на почетокот на летово беше објавена информација дека Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО изготвил нацрт-одлука, со која се предлага охридскиот регион да биде ставен на листата на светски природни и културни богатства во опасност.