Вапила добива привремено и трајно решение за водоснабдување

Денес претставници на селото Вапила остварија средба со г-дин Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид, и г-дин Александар Китески, секретар, присуствувајќи и г-дин Марјан Ристески, директор на ЈП „Водовод“.

На состанокот беше разговарано за дведеценискиот проблем со водоснабдувањето. Договорени мерки:

Привремено: Изградба на нова бушотина, активности кои започнуваат од утре.

Трајно: Поврзување на Вапила со градскиот водовод за стабилно и долгорочно снабдување.

Од името на сите жители на Вапила, благодариме за приемот и поддршката, со надеж дека овојпат ќе се стави крај на долгогодишната мака.