Пецаков: По повод 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, во свое име и во име на Општина Охрид упатувам искрени честитки до припадниците на бошњачката заедница

По повод 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, во свое име и во име на Општина Охрид упатувам искрени честитки до припадниците на бошњачката заедница.

Овој значаен ден е потсетник на богатото културно и историско наследство на Бошњаците и на нивниот важен придонес во градењето на мултикултурното и соживотно општество.

Вашата традиција, вредности и посветеност се дел од мозаикот кој ја збогатува и зајакнува заедничката иднина. Нека празникот биде повод за гордост, зајакнување на единството и афирмација на севкупниот општествен развој.