ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ОХРИД 2025 – Анализа
Градот што гласа со срце, но мисли со глава!
Охрид – градот на вечноста, но и на вечните политички битки.
Локалните избори 2025 го потврдија токму тоа: старите политички ривали повторно го поделија градот, но овојпат – на неочекуван начин.
Излезеноста, која со години бележи пад, овојпат покажа мало, но значајно оживување на граѓанскиот интерес. Резултатите од изборите отворија повеќе прашања отколку што дадоа одговори.
Но зад сувите бројки се крие една подлабока приказна – за политичките навики, приказна за доверба и променливото расположение на гласачите.
На овие избори, излезеноста беше 49,29%, односно 25.919 гласачи го направија својот избор. Најголема излезеност беше забележана во избирачкото место 1295 (Велестово и Рача), со вкупно 535 гласачи.
СДСМ – парадоксот на двојната поддршка
СДСМ во Охрид повторно изненаден од сопствените поддржувачи.
ГЛАСАЛЕ И ЗА СДСМ И ВМРО ДПМНЕ !
Во село Косел, избирачите го поддржаа носителот на советничката листа на СДСМ – Јане Тодороски, но за градоначалник гласаа за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.
Во избирачкото место 1336, СДСМ освои 125 гласа наспроти 105 на ВМРО-ДПМНЕ – единствениот советнички пораз на ВМРО-ДПМНЕ, иако истите гласачи на градоначалничките ливчиња му дадоа убедлива предност на Пецаков од над 60 гласа.
Овој парадокс јасно покажува дека дел од гласачите на СДСМ не му ја дале поддршката на нивниот кандидат за градоначалник а зошто е тоа така ?
Истото го направиле во ИМ 1297 – нас.Св.Стефан таму за советничка листа победиле имале 23 гласа дури 5 повеќе од Вмро а за градоначалник гласале само 18 и така Вмро за градоначалник победува во ова ИМ со 6 гласа !
Истото го направиле и во Куратица за советник гласале 18 но за Асен само 16 ,и Велгошти 9 гласа помалку за Асен од Советничка листа .
Но затоа Асен Шаин во населба Воска и Далјан освојува 355 гласа повеќе од советничката листа, каде за советник гласале 144 но за Асен гласале 450 гласачи во овие ИМ !
Најдобар резултат на СДСМ за советнички листи беше во избирачките места 1290 и 1304 во село Пештани, каде освоија 215 гласа, меѓутоа и тука изгубија со разлика од 225 гласа од ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидатот за градоначалник Асен Шајн нема победа во ниту едно избирачко место – најмалиот пораз му е во село Завој со само 2 гласа разлика(од вкупно 2ца избирачи). Во останатите места, разликата беше двоцифрена или троцифрена.
Движењето ЗНАМ – губење на замавот
Движењето ЗНАМ бележи пад од 458 гласа во споредба со парламентарните избори 2024. Овојпат освоија 2.166 гласа, наспроти 2.624 од претходната година.
Најдобар резултат имаа во избирачкото место 1286 на ул. „Радојца Новичиќ“ со 86 гласа, додека во повеќето други избирачки места се движат меѓу 15 и 20 гласа.
Левица – Драстичен пад на поддршката
Левица изгуби 877 гласа за само една година.
На парламентарните избори во 2024 освои 2.249 гласа, а сега 1.372 – што претставува пад од речиси 45%. Најдобар резултат забележа во избирачкото место 1273 (кај Музичко училиште) со 43 гласа.
ТДП – храбар настап и историски резултат
Демократската Партија на турците (ТДП) за првпат настапи со самостојна советничка листа и освои одлични 929 гласа и еден советнички мандат. Најдобар резултат имаа во СИЗ – 69 гласа, како и 236 гласа во населбите Воска и Далјан.
Интересен податок е дека ТДП освои вкупно 90 гласа од средини со целосно македонско население, без присуство на припадници од турската заедница или муслимани, како: Стар град (14 гласа), Видобишта (10), Црногорци (3), Пештани (4), Лескоец (15), Велестово (8), Куратица, Лакочереј, Подмолје и Трпејца(по 1–2 гласа).
Арбен Далипи (независен кандидат) – Не секогаш лајковите се мерило за избори…
Арбен Далипи, попознат како Бени полицаецот, кандидат за советник со независна листа, стана вистинска сензација на социјалните мрежи. Неговата објава со над 2.100 лајкови и стотици коментари создаде очекување за сигурен советнички мандат. Но, изборните резултати покажаа поинаку – Далипи освои четирипати помалку гласови од бројот на „лајкови“ на неговата ФБ страна: вкупно 635 гласа.
Најголемата поддршка ја доби во населбите Воска и Далјан (132 гласа), а што е уште поинтересно, освои и 120 гласа во претежно македонски средини: Трпејца (2), Стар град (12), Косел, Видобишта (7), Подмолје, Лескоец (13), Велгошти (5), Велестово и Рача (7), Лакочереј (3), Црногорци и други И.М.
Рушан Хода, Независен кандидат за Советник (ДУИ, Беса, Алијанса, Влен и др.)
Независната листа на Рушан Хода, зад која реално стоеја партии како албанскиот блок – ДУИ, Влен, Алијанса и Беса, не успеа да го задржи претходниот авторитет.
Претходно, овие партии заедно освојуваа над 2.200 гласа, а сега паднаа на 970 – тоа е драстичен пад од околу 55%. Сепак, обезбедија еден советнички мандат.
Најдобар резултат имаа во Воска и Далјан (286 гласа), но таму ВМРО-ДПМНЕ ги надмина со 451 глас за советничка листа.
За пофалба е што Оваа независна листа исто така добива 180 гласа од македонски средини (Елшани-10, Косел- 5 , Стар Град 12 , Куратица – 3 , Орман 3 ,Црногорци 10 ,Видобишта-3,Рача и Велестово-6, Лескоец Лакочереј,Пештани итн. каде што не живее ниту еден албанец или муслиман , што уште покажува дека во нашиот град не се гласа по национално ниво туку Охриѓани гласаат за Човек кој ке работи за доброто на Охриѓани.
Даниел Стојаноски – (независен кандидат) Шармот над изборните резултати.
Даниел Стојаноски нема да се памети по добриот резултат (освоени 157 гласа), но ќе биде запомнет по легендарните изјави:
– Куче падна во фонтаната;
-Фативме змија во езеро и ред други видеа со хумористични изјави каде настапуваше заедно со Гоце- Вегетата, и кои му донесоа симпатии, но не и политичка тежина.
Неважечки ливчиња – пораката зад бројките
На овие избори беа евидентирани 1.923 неважечки ливчиња за градоначалник и 378 за советничките листи. Особено интересен е трендот по населби:
· Населба Воска – 44 неважечки ливчиња повеќе за градоначалник од советничка листа;
· Населба Далјан – 22;
· Населба Кошишта – 21;
· Населба Лескајца – 24;
· НаселбаАбас Емин – 30 неважечки ливчиња повеќе за градоначалник;
Прашањето што останува е: дали некој свесно ги поништувал ливчињата со цел за втор изборен круг?
Ако тоа била стратегијата – очигледно не успеа, а на вас оставаме да процените кој блок избирачи гласаат во овие избирачки места?
ВМРО-ДПМНЕ со историска победа
ВМРО-ДПМНЕ во овие локални избори ја запиша својата најубедлива победа во историјата на Охрид со 12 680 гласа .
1987 гласа повеќе од локалните избори 2021 каде тогаш освои 10693.
Помалку освоени гласови во споредба со 2021 има само во неколку избирачки како што се Трпејца -12 , Лубаништа -1, Свињишта -3 ,
Повеќе освоени гласови за советничка листа во споредба со 2021 има во :
Избирачките места во : Велгошти , Воска и Далјан , Лескајца , Кошишта , Железничка и Избирачките места во Братство Единство во Крст Џамија – Во овие избирачки места има 1380 гласови повеќе во однос на 2021 година.
Во останатите ИМ резултатот е идентичен со мало покачување во однос со 2021 год.
КИРИЛ ПЕЦАКОВ – во 30тина Изборни Места не ја добива целосно подршката од ТДП и ЗНАМ .
Така да во ИМ требало да имет колку што имет во советничките листи но за градоначалник имало помалку гласови одколку збирот на коалициите за Градоначалник ЗНАМ и ТДП со ВМРО ДПМНЕ ! . Разликата не може да се виде во сите Избитарачки места бидејки подршка за Пецак има и од другите советнички листи како што се Искуство за успех , Зелена Иднина и дел од подржувачите на Левица , но во следните Изборни места тоа што го направиле е очигледно !
Знам во овие Избирачки места има испорачано помалку гласови за градоначалник и тоа : ИМ 1342 – 6 гласа , ИМ 1339 -1 глас , ИМ 1338 – 5 гласа , 1337 – 4 гласа , 1335 – 5 гласа , 1312 – 8 гласа , 1302 – неместо 36 гласале 27 , 1300 – 4 гласа , 1296 -5 гласа , 1295 – 18 гласа , 1293 -38 гласа , 1292 – 16 гласа , 1291 – 5 гласа , 1290 – 6 гласа , 1281/1 – 5 гласа , 1280 – 6 гласа , 1270 – 6 гласа , 1255/1 – требало 101 со коалициите ТДП и ЗНАМ имало 94 ,
ТДП НЕ ГЛАСАЛЕ СИТЕ ЗА ПЕЦАК !
Во ИМ 1256 ова избирачко место за советници Вмро има 110 гласови , Знам 8 , и ТДП 40 , што значи дека треба да има 158 за Пеацков но во ова ИМ има само 138 гласа .
Исто и во 1258 Крст Џамија вкупниот збир е – 6 гласа , 1260 ул.Даме Груев – 10 гласа , 1312 далјан – Партизан – 8 гласа .
ОХРИДВЕСТ





