Пецаков: ‎Денес го посетив објектот „Росица“ на детската градинка „Јасна Ристеска“, каде што направив увид на реконструктивните зафати што се реализираа во текот на изминатиот период

Создавањето подобри и побезбедни услови за нашите деца е еден од моите највисоки приоритети.

‎Денес го посетив објектот „Росица“ на детската градинка „Јасна Ристеска“, каде што направив увид на реконструктивните зафати што се реализираа во текот на изминатиот период.

‎Реализирани се следните активности:

‎ -реконструкција на подовите во занималните и холот,

‎-целосно молерисување во сите занимални, ходници и хол,

‎-поставени се нови плакари за детските креветчиња во сите занимални,

‎-во тек е реконструкција на санитарните јазли.

‎И понатаму ќе продолжиме со вакви инвестиции, со цел да обезбедиме подобри услови за згрижување на најмладите.