Ј.П.„Охридски Комуналец” денес го одбележа својот патронен празник ,,7-ми Ноември”
На присутните им се обрати Директорот м-р Сашо Најдески кој во своето обраќање истакна:
„ Почитувани присутни,
Дозволете ми на почетокот на сите да Ви го честитам денот на ослободувањето на градот Охрид, а на вработените воедно им го честитам патрониот празник на Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид.
Од далечната 1952 година започнува приказната за една мисија — да го направиме Охрид поубав, почист и поуреден град.
Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ со децении е дел од секојдневието на охриѓани. Од раното утро до доцна навечер — наши екипи се грижат за чистите улици, зелените паркови и здравата околина.
Формирано од страна на Советот на општина Охрид, Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид денес е единствен извршител на комуналните услуги на територијата на Општина Охрид:
-Собирање, транспорт и депонирање на комунален отпад
-Одржување на јавна чистота
-Одржување на градските паркови и зеленило, на целата територија на општина Охрид.
Но нашата работа не е само чистење — таа е грижа, одговорност и љубов кон градот.
Во периодот што следи, Ј.П.„Охридски Комуналец“ заедно со општина Охрид започнува нова етапа –
Обновување и модернизација на возниот парк!
Со нови, еколошки возила и современа опрема, ќе обезбедиме поекономично, поефикасно и еколошки одржливо работење.
Нашата цел е едноставна, но голема: Чист Охрид. Зелен Охрид. Охрид на кој сите се гордееме. ”
- Како благодарност за континуиран допринос и непрекинат работен стаж за 30, 20 и 10 години во претпријатието, доделени се награди на 28 (дваесет и осум) вработени.





