СДСМ Охрид без забелешки за ребалансот на буџетот


На Третата седница од новиот формиран Советот на Општина Охрид, беше разгледан и усвоен ребалансот на општинскиот буџет за тековната година.

Советниците од СДСМ Охрид не изнесоа забелешки на предложениот ребаланс, со тоа тие оценија дека средствата се распределени согласно приоритетите и тековните потреби на општината.

Ребалансот предвидува пренамена на дел од буџетските ставки, со цел поефикасно спроведување на започнатите инфраструктурни проекти и подобрување на јавните услуги. Општинската администрација истакна дека со измените ќе се овозможи побрзо завршување на повеќе локални проекти и ќе се зголеми транспарентноста во трошењето на јавните средства.

Единствени забелешки во текот на расправата имаше советникот Ванчо Костовски, кој изрази резерви за начинот на распределба на средствата во одредени програмски ставки. Според него, одредени проекти не добиле доволно буџетска поддршка, додека други се приоретизирани без доволно образложение, исто така побара да се купит озвучување кое ке биде во сопственост на Општина Охрид , бидејки цените за изнајмување се многу високи !

Обраќање имаше и советничката Лидија Неданоска од Сдсм кој го поздрави Ребалансот и кажа дека тие ке подржат се што е добро за градот вклучувајки го и овој ребаланс .

И покрај изнесените забелешки, ребалансот беше изгласан со мнозинство гласови .

Со ова, Советот на Општина Охрид ја потврди подготвеноста за континуирана реализација на развојните планови и подобрување на условите за граѓаните на општината.