ЈАВЕН ПОВИК
За доставување предлози за одбележување значајни настани и истакнати
личности со меморијални споменици и спомен – обележја.
I. Согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен
– обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15), Општина Охрид
подготвува Програма за одбележување значајни настани и истакнати личности со
меморијални споменици и спомен – обележја, за период од пет години.
II. Со цел, максимална транспарентност и вклучување на стручната
јавност, Општина Охрид упатува Јавен повик до правните и физичките лица да
достават конструктивни предлози за одбележување значајни настани и истакнати
личности со меморијални споменици и спомен – обележја.
III. Предлозите, задолжително, треба да содржат:
– податоци за настаните и личностите и објаснување за нивното значење;
– порака што треба да ја симболизира споменикот или спомен –
обележјето;
– основни елементи за евентуалниот текст што би бил истакнат на
споменикот или спомен – обележјето.
IV. Предлозите, најдоцна до 02.12.2025 година, треба да се доставуваат во
писмена форма на следната адреса: Општина Охрид, ул.„Димитар Влахов“ бр. 57,
6000 Охрид, со назнака: За Јавниот повик за одбележување значајни настани
и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја.





