НОВИ МАШИНИ ЗА ЧИСТЕЊЕ ДОБИ ЈП „ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ“

Градоначалникот Кирил Пецаков, попладнево беше на увид на новата опрема за чистење што ја набави Општина Охрид и ја предаде на користење  на ЈП „Охридски Комуналец“.

Станува збор за електрична комунална машина – метачка со којашто  ќе се чистат  јавните површини во старото градско јадро и централното подрачје на Охрид  и дизел машина – метачка за чистење на останатите делови од градов.