19-годишна девојка силувана во Охрид

Деветнаесетгодишна девојка од Охрид е силувана откако охриѓанец ја завел велејќи ѝ дека ќе ѝ помогне да најде кој ѝ го украл мобилниот телефон.

На втори мај годинава, околу 23.30 часот С.Ѓ. (34) од село Белчишта ѝ рекол на оштетената дека ќе ѝ помогне да го пронајде непознатото лице кое претходно со измама ѝ го зело мобилниот телефон.

Двајцата се качиле во такси возило и се упатиле кон улицата Сирма Војвода по што заминале во блиската борова шума каде пријавениот извршил полови дејствија над оштетената, соопшти полицијата.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против сторителот.