СЕ ОДРЖА ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.12.2025 година;

Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште во 2025 година за период од 01.01. до 31.12.2025 година;

Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈМ капитални расходи за паркови и зеленило  за 2025 година – Подпрограма ЈМА – реализација на проект „Проект за употреба и одржување на урбан простор и парк на дел од Кеј Македонија“;

Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈE изградба на простор за паркирање за 2025 година – Подпрограма ЈЕА – реализација на основен проект „Изградба на катна гаража во општина Охрид“;

Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈИ изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води за 2025 година – Подпрограма ЈИА – реализација на проектот „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од улици Малесија, Александар Гушо, Трајче Дојчиноски, Први мај, Вангел Николоски, Дебарца и Момчило Јорданоски“;

Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈГ изградба на системи за водоснабдување за 2025 година – Подпрограма ЈГЦ – реализација на „Основен проект за мониторинг и управување СКАДА (SCADA) систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС систем со интеграција на двата системи“;

Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈГ изградба на системи за водоснабдување за 2025 година;

Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година (прв повик);

Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година (втор повик);

Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај и завршната сметка на буџетот на единицата на локална самоуправа Општина Охрид за 2025 година;

Предлог-одлука за отстапување на времено користење недвижен имот – зграда на старото училиште во село Долно Лакочереј на Здружение за заштита на природното и националното богатство „Енхелеус – Лихнид“;