Пецаков: Рамазан Бајрам е празник кој нè потсетува на важноста на солидарноста, толеранцијата и заедништвото

По повод празникот Рамазан Бајрам упатувам честитки до Муфтијата Самет Ајдари, до членовите на Исламската верска заедница и до сите граѓани од исламска вероисповед.

Ова се денови од неизмерно големо значење за Вашата заедница и духовна посветеност. Честитајќи Ви го празникот, Ви посакувам и сите други месеци од годината да ви бидат исполнети со вредностите и благодетите на најблагородниот и најсреќниот месец за Вас, месецот Рамазан. Вербата во Бога да нè води кон вистинскиот пат и постојано меѓу луѓето да владее слога и почитување без разлика на верската или каква било друга определба.

‎Рамазан Бајрам е празник кој нè потсетува на важноста на солидарноста, толеранцијата и заедништвото. Чествувајќи го празникот ја потврдуваме столетната традиција на пријателство, единство и хармонија во нашава татковина.

‎Посакувам празничните денови да ги поминете во мир и хармонија исполнети со среќа и радост, споделувајќи љубов со ближните. Во духот на Рамазан да даруваме, помагаме и шириме добра волја. Без разлика на верската, етничката и политичката припадност да имаме разбирање и почит кон сите наши сограѓани. Заедно, сплотени и солидарни да работиме на напредокот и благосостојбата на Охрид и Македонија