Измени во календарот за подигнување на отпад од пластика и хартија од кантите за селекција

Почитувани сограѓани, со цел поефикасно собирање на селектираниот отпад од домаќинствата кадешто веќе се доделени кантите за селекција, направивме измени во календарот за подигнување. Новите дати се во сликата подолу, а календарот ќе ви биде доставен и по пошта. Потсетуваме дека доколку се појават проблеми во подигнувањето или имате прашања во врска со селекцијата на отпадот, слободно барајте нѐ на зелениот телефон достапен на нашите социјални мрежи.