ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ – 4 Април сабота – на улиците „15-ти Корпус“, „Питу Гули“ и „Сирма Војвода“

Поради изведување на градежни активности кои се однесуваат на санација на уличната патна мрежа, Општина Охрид ги известува сите учесници во сообраќајот дека:

  • На ден 04.04.2026 година (Сабота) на улиците „15-ти Корпус“, „Питу Гули“ и „Сирма Војвода“ ќе се изведуваат градежни работи, при што се замолуваат учесниците во сообраќајот за крајна внимателност при управување со моторните возила и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.
  • На ден 06.04.2026 година (Понеделник) за сообраќај ќе биде затворена дел од улицата „Димитар Влахов“, и тоа од почетокот на улицата кај кружната крстосница до крстосницата помеѓу улиците „Димитар Влахов“ и „Мите Богоески“.

Воедно се замолуваат учесниците во сообраќајот на ден 06.04.2026 година да не ги паркираат возилата на оваа улица или веќе паркираните возила да ги отстранат.