Во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Охрид и Општинскиот совет за превенција на детско престапништво утре ќе се одржи манифестацијата „Општински семафор“.
Настанот ќе се реализира на улицата „Кеј Македонија“ во Охрид, а свеченото отворање е закажано за 13:00 часот.
Според организаторите, манифестацијата има за цел да ја подигне сообраќајната култура кај децата и младите, преку теоретски и практични активности, натпревари и едукативни содржини.
Во рамки на програмата ќе бидат доделени награди за најдобрите литературни и ликовни творби, ќе се прочитаат првонаградените трудови, а ќе се одржи и аукција на најдобрите ликовни дела.





