Центар за вработување Охрид беше домаќин на делегација од Црна Гора и претставници од раководството на Агенција за вработување на Република Македонија, каде што во пријатна и работна атмосфера се разменија мислења и искуства во областа на пазарот на труд.
На средбата се разговараше за активните мерки за вработување, дигитализацијата на услугите и можностите за идни заеднички проекти. Раководителката на ЦВ Охрид, Мирјана Влаоска, заедно со најдобриот професионален и стручен тим, ги презентираше активностите и практиките што успешно ги спроведува Центарот.
Од двете страни беше истакнато дека ваквите средби придонесуваат за подобрување на услугите и зајакнување на регионалната соработка.
Гостите изразија задоволство од приемот, професионалноста на тимот и можноста за размена на искуства, при што особено беа импресионирани од работната атмосфера и посветеноста на вработените во Центарот.




