Денес, во Веспрем, направивме значаен чекор во зајакнувањето на меѓународната соработка на Охрид. Со официјалното потпишување на Договорот за збратимување со мојот колега, градоначалникот Ѓула Порга (Porga Gyula), отвораме ново поглавје на партнерство помеѓу нашите два града.
Овој документ не е само протоколарна обврска, туку платформа за конкретна соработка во повеќе области како култура, туризам, образование, спорт, дигитализација…
Убеден сум дека размената на искуства и европски практики ќе донесе видливи придобивки. Охрид продолжува да се етаблира како отворен, европски град кој гради силни и долгорочни партнерства.
Продолжуваме со посветена работа за поубав и попросперитетен Охрид!
фб/ кирил пецаков




