Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денес оствари протоколарна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Петра Дрекслер.
На средбата се разговараше за повеќе теми од заеднички интерес, со акцент на досегашната соработка, можностите за нејзино понатамошно унапредување, како и поддршката на локалниот економски развој и инвестициите.

Градоначалникот ја информираше амбасадорката за актуелните инфрастуктурни и капитални проекти на кои работи општината. Исто така беше разговарано и за функционирањето на Општинските јавни претпријатија како и за теми од комуналната сфера и локалниот економски развој.

Во разговорите беше истакнато и значењето на германските компании во Охридскиот регион, меѓу кои и „Костал Македонија“, која денеска одбележува 10 години успешно работење.





