ПРВ РАБОТЕН СОСТАНОК НА ЛОКАЛНИОТ УПРАВЕН КОМИТЕТ ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ПЕРИОДОТ 2026 -2032 ГОДИНА

Согласно одлуката на Советот на Општина Охрид од 26 мај годинава, за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) за животна средина за периодот 2026-2031 година, денеска членовите на Локалниот управен комитет (ЛУК) го одржаа првиот состанок.

Воведно излагање имаше координаторот Јасминка Трајковска Момироска, а претставник од Друштвото за консултантски услуги „Деконс – Ема” ДООЕЛ Скопје, ја презентираше методологијата за изработка на ЛЕАП. На состанокот беше усвоен и деловникот за работа на Локалниот управен комитет и беа формирани работните групи кои ќе учествуваат во изработка на ЛЕАП. Веднаш потоа се одржа и сотанок на работните групи.

Во кратката дискусија, членовите на ЛУК се согласија во овој акционен план да се внимава на реализација на реално остварливи проекти, односно да се обрати внимание на квалитетот пред квантитетот.