Се известуваат сите граѓани дека, поради изведување на градежни работи за уредување на потпорните ѕидови во кругот на ООУ „Христо Узунов“, почнувајќи од понеделник, 06.07.2026 година, потребно е да се отстранат сите паркирани возила од паркингот во кругот на училиштето.
Се замолуваат сопствениците на возилата најдоцна до почетокот на работите да ги дислоцираат своите возила, со цел непречено и безбедно изведување на градежните активности.





