РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА – ЦЕНТРАЛНА ТЕМА НА ДВАНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Градските советници денес ја одржаа дванаесеттата седница, на која централна тема беа измените и дополнувањата на буџетот на локалната самоуправа. Претходно беа донесени одлуките за согласност на  плановите за вработување во основните училишта и измените на програмите за работа на општинските сектори. Во останатиот дел од работата на денешната седница, беа донесени повеќе одлуки за легализација на бесправно изградени објекти.

Во продолжение се точките од дневниот ред, кои денес беа усвоени.

Предлог-одлука за давање согласност на измените на годишниот план за вработување во ООУ „Св.Наум Охридски“ с. Пештани – Охрид за 2026 година;

Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООМУ „Методи Патче“ – Охрид за 2027 година;

Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Братство Единство“- Охрид за 2027 година;

Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во

ООУ „Григор Прличев“ – Охрид за 2027 година;

Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во  ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид за 2027 година;

Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Христо Узунов“ – Охрид за 2027 година;

Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид за 2027 година;

Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец за 2027 година;

Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Живко Чинго“ с. Велгошти за 2027 година; 

Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Св.Наум Охридски“ с. Пештани – Охрид за 2027 година;

Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2026-2028;

Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2026 година;

Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за спорт и рекреација за 2026 година;

Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2026 година (Н1);

Предлог-програма за измена и дополнување на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното  образование 2026-2028 година (НА);

Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2026 година (Н2);

Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2026-2028 година (НБ);

Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на детската заштита за 2026 година;

Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2026 година (Т1);

Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за уредување на градежно земјиште 2026 – 2028 година;

Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за уредување на градежно земјиште во 2026 година;

Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за јавно осветлување за 2026 година;

Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата ЈD изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2026 година;

Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата ЈЕ изградба на простор за паркирање за 2026 година, Подпрограма ЈЕА реализација на основен  проект „Изградба на катна гаража во општина Охрид“;

Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната  програма ЈЕ изградба на простор за паркирање за 2025-2027  година, Подпрограма ЈЕА реализација на основен проект „Изградба на катна гаража во општина Охрид “;

Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата ЈG изградба на системи за водоснабдување за 2026 година и Подпрограми JGA, JGB и JGC;

Предлог-одлука за измени и дополнувања на Буџетот на ЕЛС Охрид за 2026 година;

Предлог-одлука за отстапување на користење на паркинг простори од општина Охрид на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид;

Предлог-одлука за продолжување на работното време на занаетчиските субјекти;

Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.733/2 и КП.бр.733/4 КО Косел, објект 1;

Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1450 КО Лескоец, објект 1;

Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1655 КО Лескоец, објект 1;

Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на КП.бр.1854 КО Лескоец, објект 1 и објект 2 (помошен објект);

Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на КП.бр.1904 КО Лескоец, објект 1 и објект 2 (помошен);

Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.2150/2 КО Лескоец, објект 1;

Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на КП.бр.2160 КО Лескоец, објект 1 и објект 3 (гаража).