Одлука за спроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ Стратегија за развој на туризмот на Општина Охрид, плански период (2026 – 2030) кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
- Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Стратегија за развој на туризмот на Општина Охрид, плански период (2026 – 2030) се определуваат следните: Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за транспорт, Министерство за економија и труд, Министерство за култура и туризам, Факултет за туризам и угостителство, ЈУ Национален парк Галичица, ХОТАМ, и Општина Охрид
- За планскиот документ Стратегија за развој на туризмот во, Општина Охрид, плански период (2020 – 2025), кој плански документ го изработува ФТУ Охрид на барање на Општина Охрид, а го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
- Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство).
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса: www.ohrid.gov.mk
- Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ НА ОПШТИНА ОХРИД, ПЛАНСКИ ПЕРИОД (2026 – 2030)





