ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА СЕНТ ЏОРЏ ОД СИДНЕЈ

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари средба со Оливер Димоски, кој ја извршува функцијата заменик-градоначалник на општината Сент Џорџ (Georges River Council) во Сиднеј, Австралија.

Димоски е советник во Советот на општината, каде што го претставува регионот Блејкхерст.

На средбата беа разменети мислења за можностите за воспоставување и унапредување на соработката, како и за значајната улога на македонската дијаспора во зачувувањето на врските со родниот крај и промоцијата на Охрид на меѓународно ниво.

Посебен акцент беше ставен на потенцијалот за поврзување на локалните заедници и отворање нови можности за соработка, со цел зајакнување на односите меѓу Охрид и македонските иселеници во Австралија.