И покрај редовните акции кои ги реализираме согласно календарот за подигнување кабаст и зелен отпад, секојдневно се соочуваме со несоодветно депонирање на отпад, нарушување на јавните простори и загадување на животната средина
Само во текот на вчерашниот ден подигнати се 32 м3 кабаст и зелен отпад од различни локации од поширокото подрачје на општина Охрид
Повторно упатуваме апел до граѓаните да се придржуваат до календарот за 2026 год. или да не’ контактираат на дежурните телефони 075-495-428 и 075-397-944
Сите заедно да придонесеме во континуираните активности за унапредување на јавната хигиена и чиста и уредена животна средина





