ОГЛАС ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ОД 30 М2 ВО ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

Комисијата за избирање најповолна понуда, формирана со Одлука од Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид, бр. 02-165/1 од 09.04.2014 година, распишува

ОГЛАС
За издавање под закуп на деловен простор од 30 м2 во Градски Пазар Охрид

ЈП градски Пазар Охрид издава под закуп деловен простор на приземје од 30 м2, лоциран на јужната страна во Градски Пазар Охрид, за период од 1(една) година, со почетна цена од 370 ден без ДДВ за м2.
– Заинтересираните понудувачи потребно е да достават понуда која ќе го содржи понудениот износ на надоместокот по основ на закупнина. Правните лица се должни да достават и Решение од централен регистар за регистрација на дејност, а физичките лица, копија од лична исправа.
– Понудите да се достават до ЈП Градски Пазар Охрид, на адреса Бул. Туристичка 79, во затворен плик со ознака – не отворај-.
– Огласот трае до 11.06.2014 година до 14 ч

ЈП Градски Пазар Охрид