Екипа на ЈП Охридски Комуналец утрово го средува тротоарот на улицата „Карпош Војвода“ кој беше прекриен со трева. Беа исечени и исушените остатоци од дрворедот, кој, за жал од страна на несовесни граѓани беа искршени младите дрвца. Покрај ова беше исчистен и тревникот (сoпственост на станарите ), кој во минатото беше неуреден и полн со отпадоци.