СООПШТЕНИЕ – КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ

Согласно Законот за  Угостителска дејност (Сл. Весник на  РМ бр. 62/2004, 89/2008 … 71/16) член 33 став 1  важноста на Решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување трае 3 (три) години од денот на неговото изготвување.

Ве информираме дека доколку важноста на Вашето решение истекува или е веќе истечено потребно е да се поднесе ново барање за утврдување на минимално-техничките услови и продолжување на решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување.
БАРАЊЕТО се поднесува во секторот за Туризам и ЛЕР со седиште во просториите над УНИ банка (втори спрат).
За физичките лица кои ги исполнуваат условите согласно член 46 точка 1 и точка 2 од Законот за Угостителска дејност односно изнајмуваат соби, апартмани, станови и куќи за одмор до 10 (десет) соби или 20 (дваесет) легла а воедно немаат решенија за категоризација или важноста на истите е истечена, согласно законот ќе  се превземаат  соодветни мерки.
Подетални информации на тел. 046/ 230 175
Општина Охрид Сектор за Туризам  и ЛЕР