ЛОКАЛНАТА ЗАПОЧНА ПОДГОТОВКИ ЗА ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

Локалната испланира три буџети за Охрискиот пливачки маратон –
мора се да биде беспрекорно организирано.
Започнаа подготовките за Охридскиот пловачки маратон.
Годинава, маратонот ќе се одржи на 23 август во рамки на светската серија ФИНА.

Денеска во општина Охрид се одржа првиот состанок помеѓу
спортските работници од Пливачката федерација на Македонија и
градоначалникот Никола Бакрачески, како и останати одговорни лица во општината и
јавните претпријатија кои ќе се вклучат во организацијата. Во моментов се испланирани
три буџети, најмал, среден и најголем, а кој ќе се примени зависи од тоа кочлакви средства
ќе се соберат од спонзорите.Еден ден пред настанот ќе се одржи музички хепенинг на
плоштадот во Охрид на кој ќе бидат презентирани натрпеварувачите. Во план е и организирање
на аеромитинг над градот, на неколку часа пред пристигнувањето на првите маратонци на целта.