Учениците од средното угостителско- туристичко училиште „Ванчо Питошески“ го полагаа завршниот
практичен дел од матурата. Пред комисијата и предметните професори ги покажаа своите вештини во
кујната за подготвување на специјалитети за предјадење, главно јадење и десерти, како и нивно послужување.
За матурантите последниот дел од завршниот испит не беше тежок. Со задоволство им покажаа на присутните
што научиле, бидејќи трудот и нивното дело се гледаа.Во дегустацијата уживаа и учениците, видно задоволни
од она што го подготвиле.
На 23 и 24 јуни средното угостителско-туристичко училиште ја очекува новата генерација готвачи, слаткари,
келнери, угостителски техничари, хотелско-туристички техничари и угостителски техничари за рурален туризам.