Атеме Арслан станарка од социјалната зграда во Охрид бара веднаш да биде пуштен лифтот во социјалната зграда Охрид, а во спротивно ќе штрајкува пред СИЗ Охрид .
„Јас сум револтирана што 6 години живееме во социјалната зградаа играат со нашите животи. Лифтот под итно да се пушти и старите мајстори за сервис да ги вратат, бидејќи во нашата зграда има болни луѓе инвалиди, јас сум оперирана треба да работам и да ги хранам децата а затвореноа сум дома заради лифтот“ – изјави Атеме за Твм Охрид.
Атеме Арслан бара промена на куќниот совет во социјалната зграда, односно да биде избрано одговорно раководство кое ќе се справи со проблемите кои ги има секојдневно во нивниот влез како што се ( крадење , кршење и тн. ) бидејки сегашниот претседател на куќниот совет и раководството не се заинтересирани за решавање на овие проблеми.
Атеме Арслан за овој проблем го информирала и директорот на сиз охрид -Гоце Георгиевски кој рече дека бил запознат со проблемот и дека во тек е решавање на истиот.