Давид Демироски од Охрид третопласиран на Државното првенство во Кендо

Викендов во Скопје се одржа десеттото по ред Државно првенство во Кендо за јуниори и сениори (мажи и жени.

Со свои претставници учествуваше кендо клубот „Теншин“ од Охрид кој во сениорска конкуренција најдобриот пласман им беше до 1/8 финалето, а во јуниори Давид Демироски од Охрид го освои третото место.

Кендо е јапонска боречка вештина, а терминот во филозофска смисла значи „патот на мечот“. Од клубот „Теншин“ ја пренесуваат оваа вештина кај помладите, но и повозрасните.

25660354_1895682557128239_3318361893697426919_n

Кендо претставува Јапонска боречка вештина на мечување со долг меч наречен шинаи, кој ја заменува вистинската катана во борбите со противник. Целта е да се погоди противникот во глава (мен), во раце (коте) и во тело (до). Концептот на Кендо вештината е да се дисциплинира човечкиот карактер преку употреба на принципите на Катаната