Во близина на ТЦ “Амам” е поставен контејнер со три модули на современи тоалети, економскиот оператор што ја доби тендерската постапка за изработка на санитарните контејнери– Тане 2007 ДООЕЛ Охрид .
Во следниот период се очекува да бидат разрешени дилемите за начинот на функционирање на јавните тоалети, односно поконкретно системот на наплата, како и стопанисувањето со јавните тоалети, имајќи го во предвид несовесниот однос кон јавните добра.
Четирите санитарни контејнери се во вредност од околу 2 милиони денари, средства што се обезбедени преку Програмите за регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, за проект што го имплементира Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион за 2017 година.