Во рамки на предвидените активности, изминатиов викенд 24 часа работеа инспекторите при општинскиот инспекторат.
Инспекторот за животна средина во соработка со другите надлежни инспекциски органи како и СВР -Охрид изврши контроли на бучавата во 10 угостителски објекти од кои два се ноќни клубови, 2-плажи и 6 кафе барови. Мерењата се извршени во период од 23 до 03 часот наутро. Притоа е утврдено дека најголем дел од угостителските објекти го почитувале законот, а само кај два објекти се евидентирани минимални пречекорувања од 1 -2 децибели над дозволеното ниво на бучавост по што се очекува сопствениците да ги сносат пропишаните законски санкции.
Во текот на изминатиов викенд во рамки на своите дежурства комуналните редари извршија контрола на урбаната опрема, односно се проверуваше дали сопствениците на поставени тезги, фрижидери и друга урбана опрема имаат одобренија.
Градежниот инспектор при Локалниот инспекторат, изминатиот викенд изврши контрола на 10 угостителски објекти за урбана опрема.