Несовесни охриѓани синоќа го украдоа сообраќајниот знак за забрането паркирање поставен во непосредна
близина на малиот градски плоштад на улица “Коста Абраш“.
Од Фондот за комунален развој сообраќај и улици при општина Охрид апелираат до охриѓани да се воздржуваат
од вакви вандалски чинови и да се приспособуваат кон утврдените сообраќајни правила и прописи.