РЕАКЦИЈА НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА МАНИПУЛИРА СО ПОТПИСИ НА ЕГИПКАНИТЕ-СТОП НА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА И ДЕГРАДАЦИЈАТА НА ЕГИПКАНИТЕ

Деновиве, имаме сознанија(сеуште непотврдени), дека органиозирани групи како и поединци ги посетувале припадни9ците на етничката заедница на Египканите и на истите ги убедувале да го дадат својот потпис или да потпишат пристапници за одредени политички субјекти, а за возврат , на истите ке им се подобри животот и сличнио ветувања. Вакви ,,авантуристички,, дејствувања имаше и во минатото, од одредени центри на мок, а се со цел да се изврши ,,тивка асимилација на Египканите,, но за срека тоа не се случи. Тогаш, успеавме да ги спречиме, ке успееме и сега. Египканите имаат свои преставници, кои ги застапуваат и бранат интересите на овцој етникум,имаат легитимно избран Советник, кој ги застапува интересите на Египканите во Совет на Општина Охрид, имаат НВО-Организации кои се исто така активни, и ако се утврдат вакви неморални и некорекни дејанија, ке постапиме соодветно, согласно законските прописи.Нема да дозволиме да се ДИСКРЕДИТИРА И ДИСКРИМИНИРА ЕГИПКАНЕЦОТ во Р.Македонија, како нејзин лојален граганин. Имаме , утврдени приоритети, а тоа се интегрирачките процеси и соодветната и адекватна застапеност во институциите на системот, како и обединување околу стратешките интереси со крајна цел-да имаме пратеник-Египканец како и етаблирање во извршната власт, а се во интерес на граганите Египкани во Р.Македонија, истакна Демир Далип.