Охридскиот Рамковен Договор, практично е неважечки за припадниците на етничката заедница на Египканите.Основ, на горенаведеното е фактот што не е вработен ниту 1 Деклариран Египканец согласно духот на овој мировен договор. Од осамостојувањето на Р.Македонија, Египканите се споменуваат исклучиво пред или за време на изборите, а се со единствена цел , да се придобијат нивните гласови, а валоризација нема.Во една таква состојба, се рага чуството на неправедност, отврленост, искористеност….Тоа, не кореспондира со начелата на воспоставените демократски вредности. Имаме, честа злоупотреба на гласовите на Египканскиот електорат, кога некој повикувај ки се на нив, елегантно добиваат Пратенички, Министерски, Директорски места. Тоа, не е ниту етички ниту корекно, бидејки доагаат нови избори, без разлика дали ке бидат Претседателски, Парламентарни или Локални. Во демократски држави , каква што е, или сака да биде Р.Македонија, ваквиот пристап не е дозволен. Институционалната интеграција на припадниците на немнозинските заедници е основна грижа на државата, обезбедување фер шанса и третман, но тоа е многу далеку од ова дистанца. Мора и треба, соодветно да се валовизира трудот на оние кои застанале зад определена програма, без разлика дали донеле 2000 или 2400 гласови, крајно не е суштински битна бројката, колку имплементацијата на ПРОГРАМАТА за која сте гласале и определиле во еден временски интервал. Кон, горенаведеното, ако се придодаде и намерата да се спроведе ПОПИС, без графа за етничка припадност, по автоматизам се доведува во прашање и целисходноста на Уставната Преамбула, која и онаква каква што е , преставува извор на дискриминација, а со таков пристап, не сме достојни ниту за ЕУ ниту за НАТО.Египканите, повеке не смеат да дозволат да бидат ,,предмет на поткусурување,, бидејки сега ги имаат неопходните механизми, да се залагаат и да го одбранат она , за што се жртвувале многу генерации на Египкани….
Со Почит,
Демир Далип