24 Јуни ден на Балканските Египќани

Во Домот на Култура Струга ,  со повеќе културни манифестации, предавања и трибина, посветена на статусот и положбата на Египјаните, синоќа во Струга е одбележан 24 јуни – Мегународниот ден на балканските Египјани. Организатор на настанот, кој ги претставува и афирмира културните достигања, традиција и вредности на оваа популација, беше Асоцијацијата за интегрирање на Египјаните ПТАХ -Струга со претседателот Мајер Зуко .

Генерален покровител на настанот беше Општина Струга . Исто така присустуваше  Пратеникот од Либералната Партија на Египќаните од Косово – Ветон Бериша како и секретарот на Балканските Египќани проф. д.р Рубин Земон , преставници од здружението на Египќаните од Албанија , Косово и сите здружениjа од Република Македонија .

На овој ден во 1990 година, со состаноци и основачки собранија во Струга и Охрид, започна процесот на национално будење на Египјаните во Република Македонија, од што подоцна се изроди Балканскиот сојуз на Египјаните.

Балканските Египјани, според пишувањето на таткото на истријата Херодот, се потомци на старите Египјани и на овие простори се доселиле уште во античко време. Во Охрид е пронајден храм посветен на египетската божица Изида, датиран од 3 век пред нашата ера. Статуетката на божицата Изида денес се чува во археолошката поставка на Заводот и музеј во Охрид. За постоењето на египетскиот етнос во Македонија и Балканот, како сведоштво се посочува едно писмо, од 1867 година, објавено во весникот “Македонија” во Цартиград, а потпишано од “еден Египќанец од Прилеп”.