Младинската организација при ОУТУ „Ванчо Питошески“ освои две први и едно трето место на манифестацијата „Образовно Рандеву 2018“ , што ја организира Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Екипата на ОУТУ „Ванчо Питошески“ составена од 30 ученици се претстави во девет категории, преку различни натпревари со штанд, драмска претстава, модна ревија, поетска творба, серва, баскет, пинг-понг, фотографија и видео-реклама, при што ги покажаа сите свои способности, знаења, умеења и вештини презентирајќи се во најдобро светло.