Двонеделните инфраструктурни зафати што ги изведува ЈП “Нискоградба“ на
ул: “Лазо Трпоски“, се доведени во финална фаза. Од предвидените 60 метри
улична канализациона линија, досега се поставени цевки во должина од 45 метри,
со профил Ф 200 и изградена е една ревизиона шахта. Се очекува до средината на
наредната седмица, целосно да биде завршена линијата, со изградба на уште две
ревизиони шахти.